Поранешниот шеф на скопското јавно обвинителство по теркото на Зоран Заев се јави со писание во јавноста во кое исто како вистинскиот лидер на СДС, најави тужба против поранешната јавна обвинителка Лејла Кадриу за изнесеното во емисија на Тв Алфа, исказ во кој таа пластично ги опишува злодејанијата и игарњето по ноти на СДС на тогашното СЈО, чиј дел беше токму Бубевски. Не беше дел од Чарлиевите анѓели, но дел од врхушката околу Катица Јанева.
„Ги отфрлам сите наводи за какво било влијание и стојам зад секоја одлука која сум ја донел. Во голем дел од ситуациите кои беа претставени, како што е предавањето на прислушуваните материјали во СЈО, јас лично воопшто не сум бил присутен, за што имам и соодветни докази. На страна од тоа, записник за тие материјали постои и тој е дел од доказите во предметот Таргет-Тврдина.“ пиша Бубевски, кој на заминување отвори истрага за рекетот на Заев и Филипче врз Жан Митрев, што во јавноста беше протолкувао како последен обид да ја задржи челната позиција во Скопското јавно обвинителство. Пак СЈО, но друго…
Кадриу во исказите за игрите во СЈО и улогата на Бубевски изјави дека не била „тимски играч“ затоа што одбивала да работи на предмети темелени на прислушувани разговори за кои нема прием и попис кој ги предал во СЈО, на предмети по налог на Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Зоран Заев кои често имале средби во СЈО со обвинителите.
Според неа, СЈО фактички го водел Гаврил Бубевски, а Катица Јанева била избрана за таа функција, само заради нејзите амбиции да биде популарна, бидејќи ни според искуство во обвинителството немала капацитет за тоа.
За ова, Бубевски се нашол многу навереден и бара извинување. Не е само Лејла на неговиот нишан, меѓу редови пиша и дека веќе се пресметува со Мустафа Хајрулахи, кој кажа многу вистини за него во „За или протоив“ со Љупчо Цветановски.
„Мотивите за овој и други вакви слични настапи мене ми се јасни, но немам намера во ниту еден момент да им подлегнам на тие лаги и манипулации. Ќе ги искористам сите законски механизми за заштита, како што веќе направив и поднесов тужба и за лагите изнесени од уште еден адвокат – поранешен обвинител (Мустафа Хајрулахи) кој јавно настапува со истите намери и мотиви“, пиша лутиот Гаврил Бубевски за големата „урота“ против него. Испаѓа дека тој е цел на некаква си теорија на заговор…
Поранешниот шеф на Вишото скопско јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи кажа сосема идентични наводи со Лејла Кадриу за дејствувањето на Бубевски во СЈО на Јанева и во скопското ЈО. Се поставува прашањето, зошто двајца поранешни јавни обвинители би го обвиниле „лажно“ истиот обвинител, кој сега едниот го тужи, а за другиот подготвува тужба за клевета? Ќе поднесат ли тие двајцата заедничка тужба против Бубевски? Ќе собере ли некој храброст да го испита работењето на СЈО во кое „исчезнаа“ 4,6 милиони евра, а чија „лидерка“ заглави во ќорка заради рекет? Многу прашања остануваат отворени…