Македонија шофер на деценијата

И официјално: Шампионка во најлошо паркирање во Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Ова е нова фотографија од госпоѓата шоферка која, посред добиените информации од „свиркачите“ кои ни ги испраќаат, секој Божји ден без трошка срам и перде вака се паркира во школскиот двор на основното училиште Војдан Чернодрински во скопско Тафталиџе. Ова, велат дојавувачите,  таа го прави откако го купила џипиштето, односно веќе втора година по ред, колку што и пристигаат дојавите и фотографиите до Курир во категоријата „Шофер на денот“ и Оффнет во „Богати и славни“.

И официјално: Шампионка во најлошо паркирање во Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Во избор на читателите, денеска го промовираме апсолутниот шампион/шампионка во најлошо и најчаламско  паркирање во Македонија и пошироко.

Ова е „гланц“ нова фотографија од госпоѓата шоферка која, посред добиените информации од „свиркачите“ кои ни ги испраќаат, секој Божји ден без трошка срам и перде вака се паркира во школскиот двор на основното училиште Војдан Чернодрински во скопско Тафталиџе. Ова, велат дојавувачите,  таа го прави откако го купила џипиштето, односно веќе втора година по ред, колку што и пристигаат дојавите и фотографиите до Курир во категоријата „Шофер на денот“ и Оффнет во „Богати и славни“.

Читателите дојавија дека се работи за плавуша, што не беше големо изненадување за сите, но и дека е многу возможно дека се работи за госпоѓа која веројатно е на некоја раководна функција (директорка?!) во училиштето, факт кој редакцијата по сите негативни реакции од читателите до нас, ќе го провери со допис до нив. Ни пуштија и фотографија на која се гледа личноста која го управу а возилото, но поради професионалност, скрупули и чување на приватноста на дотичната, секако, дека нема да ја објавиме.

Замислете само, секој ден стотици основци го гледаат ова возило паркирано на овој начин, од раководен кадар кој требадаги учи за вистинските вредности (педагошката нишка во образованието)?! Треба ли општината да се позанимава со случајот?

Каков „прекрасен“ пример за децата.

Најнови вести од Македонија

To top