Македонија Алфа

И хотелиерите заинтересирани за парите од Унгарија

Во исчекување на 35.000 странски туристи кои од февруари ќе пристигнуваат на ривиерата, хотелиерите веќе размислуваат каде би ги вложиле парите од унгарскиот кредит.

И хотелиерите заинтересирани за парите од Унгарија

Туризмот е наjбрзорастечка стопанска гранка која има значајна улога во економнскиот развој на земјава, од тука сосема логични и оправдани се очекувањата на хотелско угостителскиот сектор да добие дел од колачот од унгарскот кредит наменет за македонскиот бизнис во висина од 250 милиони евра. Хотелиерите се подготвени да аплцираат, но се уште не се знаат конкретно условите и критериумите кои треба да се исполнат за да може да се аплицира, вели претседателот на Хотам, Крсте Блажески, свесен дека не секој ќе може да добие финанска поддршка.

„Кога се даваат пари нема гледање низ прсти се гледаат само фирми кои се способни, кои работат,кои создаваат ако се кредитоспособни ќе го добијат тој кредит,фирми што одат во загуба и што не можат да исплатат кредити,ним и нови кредити нема да им помогнат.Сите хотели кои се кредитоспособни веќе се задолжени по банкиве,имаат некакви кредити кои ги користат.И овој кредит со кој ќе се помогне на стопанството како што е најавено ќе биде кредит со враќање,ќе има некој грејс период и ќе биде со малку подобри услови”, вели Крсте Блажески, претседател на Хотам, пренесува АЛФА.

Во исчекување на 35.000 странски туристи кои од февруари ќе пристигнуваат на ривиерата, хотелиерите веќе размислуваат каде би ги вложиле парите од унгарскиот кредит.

„Секој хотелиер кој има план да инвестира да има додадена вредност плус во својот објект и во својата работа, ќе си има бенефит.Субвенционирање на фирмите за да можеме да ги задржиме вработените и да имаме повисок стандард”, вели Муса Рашид, хотелиер

Секој хотел има интерес, ќе треба сам да аплицира за добивање на кредит,но она што е многу важно е донесувањето на детални урбаниски планови на кои се чека 10 години,вели претседателот на Хотам, за да можат да се изградат нови сместувачки капацитети а постојните да се модернизираат, пренесува АЛФА.

Најнови вести од Македонија

To top