И актуелниот потпретседател на СДСМ и директор на царинската управа Стефан Богоев денеска си замина од седницата на која што се разговараше за пратеничките листи на СДСМ за изборите на осми мај, дознава Курир.
Инаку претходно седницата ја напуштија и поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и портпаролот и актуелниот пратеник Дарко Каевски.
Претходно Клан ТВ дозна дека атмосферата е многу тензична и има огромно незадоволство во рамките на СДСМ за како што велат самоволието на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.