Жалиме што СДС пушта низ вода кадри кои излегуваат на пресови како политички камикази. Очигледно Спасов, кој го води пи-арот на СДС, потребно е да добие отказ после ваквите катастрофални утки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Споменатата агенција, „Идеа лаб“, не е ангажирана од Министерството за спорт туку од Македонскиот олимписки комитет, кој нема допирна точка со Владата. Од друга страна „Идеа лаб“, како агенција имала соработка со институции и под контрола на владите на СДС, како што е „Преспа форум“, и во периоди кога Владата ја воделе други партии. За разлика од агенцијата „Рејтинг“ на Никола Спасов, која го води пи-арот на СДС, и исклучиво работи кога СДС е на власт, со владините институции. Ваквите харикири пресови на СДС се одраз на тоталната безидејност и нивната насочесност да си го штитат криминалот и одвлекуваат вниманието, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.