Македонија семеен бизнис за класифицирани информации

Хајрулахи: Неписмениот обвинител Коцевски треба да одговара поради изнесување на доверливи информации со ќерка му

-Кога сме кај неписмениот обвинител, ако можеме да го наречеме обвинител Коцевски, можеме слободно да кажеме дека правата работа и основна на наредниот републички јавен обвинител било кој и да е треба сериозно да се позанимава неговото работењето со неговото криминално работење, потенцира Хајрулахи.

Хајрулахи: Неписмениот обвинител Коцевски треба да одговара поради изнесување на доверливи информации со ќерка му

Поранешниот виш јавен обвинител, а денес адвокат Мустафа Харјулахи во „За или против“ со Љупчо Цветановски на Алфа телевизија даде свое видување за состојбата во македонското јавно обвинителство неведувајќи факти за работењето на поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски.

-Кога сме кај неписмениот обвинител, ако можеме да го наречеме обвинител Коцевски, можеме слободно да кажеме дека правата работа и основна на наредниот републички јавен обвинител било кој и да е треба сериозно да се позанимава неговото работењето со неговото криминално работење, потенцира Хајрулахи.

Во своето излагање адвокатот Мустафа Хајрулахи ги посочи и лицата каде треба да се бара одговорност и зошто.

-Да се бара одговорност од него, за неговото работење и да се бара одговорност од неговата ќерка, бидејќи тој во неколку наврати има изнесено доверливи информации од неговиот кабинет преку неговата ќерка, потенцира Хајрулахи нагласувајќи дека има цврсти докази за истото и додаде:

-Имам докази за тоа како тој (Љупчо Коцевски) комуницира со неговата ќерка, а неговата ќерка со друга личност, не од новинарската фела, сосема друга личност кај што договараат што треба да изнесува како треба да изнесува, како тоа треба да изгледа, што треба да изгледа, сѐ со цел да ме дискредитираат мене како личност и моето работење како шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје , кое што го водев два мандата, потенцира Хајрулахи.

Тој нагласи дека Вишото јавно обвинителство Скопје се издигнало на ниво што треба да биде додека раководел со него.

-Пред моето доаѓање Вишото јавно обвинителство Скопје важело за „вишок“ (една буква многу менува). Со моето доаѓање се воспостави ред, контрола над работењето, прво и основно на јавните обвинители во Вишото јавно обвинителство, а исто така и на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, потенцира Хајрулахи кој посведочи дека самиот ЈО Бубевски му признал дека извршува политички задачи кои немаат врска со професионалноста.

Најнови вести од Македонија

To top