Македонија вакцината со над 80% ефикасност

Гулабоски: Вакцината против сите видови на канцер ќе биде достапна за една до две години, доколку нема опструкции

Доколку нема државни, политички и фармацевтски опструкции, вакцината против сите типови на канцер ќе биде достапна на пазарот за една до две години, вели во видео интервју за МИА, Рубин Гулабоски, научник на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кој е меѓу топ два проценти на највлијателни научници во светот според Стендфорд листата.

Гулабоски: Вакцината против сите видови на канцер ќе биде достапна за една до две години, доколку нема опструкции

– Тоа е резултат на истражувања на „Бионтек“ компанијата којашто беше вклучена во дизајнирањето на „Фајзер бионтек“ вакцината mRNA за која можеме што сакаме да кажуваме, меѓутоа таа го спаси човештвото. Веќе ги имаат објавено првите резултати пред неколку недели, каде што на животни имаат покажано повеќе од 80 проценти ефикасност на сите типови на канцер, вели Гулабоски во интервјуто снимено во прес-центарот на МИА во Штип.

Според Гулабоски, преку науката однапред можат да се предвидат проблемите, што ќе се јават во светот. Сајбер безбедноста, криптовалутите и енергетските проблеми ќе бидат главните проблеми.

Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, Гулабоски зборува и за одливот на научници и за малата сума на средства што се одвојува за развој на науката.

Најнови вести од Македонија

To top