Македонија локални избори 2025

Грозданов: Изградба на мост во Кочани кој ќе го реши сообраќајниот метеж

Затоа на 2-ри ноември, направете го вистинскиот избор, број 9, изјави Грозданов.

Грозданов: Изградба на мост во Кочани кој ќе го реши сообраќајниот метеж

Продолжуваме со вториот дел од кампањата за градоначалничките избори 2025. Во моментот е 13:00 часот и се наоѓаме во централното градско подрачје на Кочани, каде се соочуваме со огромен сообраќаен метеж, се наведува во соопштението од изјавата на Владко Грозданов, натпартиски кандидат за градоначалник на општина Кочани поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.

„За сето тоа имаме соодветни решенија, кои сега ќе ви ги презентираме.

Едно од решенијата на ова место е изградба на мост кој ќе ги поврзува улиците ,,Лазар Андонов“ и улицата ,,Вера Которка“, која во голем дел ќе го реши сообраќајниот метеж на кружните токови.

Проектот е веќе изготвен. Ова ќе го реализираме со средства од Буџетот на Општина Кочани заедно со поддршката на централната власт.

Затоа на 2-ри ноември, направете го вистинскиот избор, број 9“.

To top