Македонија Од 14 февруари тече пријавувањето

Граѓаните кои живеат во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори во ДКП-та

Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот линк или со пополнува на формулар во хартиена форма во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат.

Граѓаните кои живеат во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори во ДКП-та

Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани на 24 април годинава на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство.

Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот линк или со пополнува на формулар во хартиена форма во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат.

Според роковникот објавен од Државната изборна комисија, државјаните кои се на привремена работа или престој во странство можат да се пријавуваат за гласање до 18 март во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат.

Нашите државјани во странство од 28 февруари до 18 март до 24 часот можат да извршат јавен увид во ДКП-та.

Најнови вести од Македонија

To top