Се наоѓаме пред портите на четвртиот Илинден каде ќе имаме реформи, европски стандарди, одговорност и безмилосна битка со корупцијата и криминалот, рече во своето излагање на митингот во Пробиштип кандидатката за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова.
-Се наоѓаме пред портите на четвртиот Илинден каде ќе имаме реформи, европски стандарди, одговорност и безмилосна битка со корупцијата и криминалот, бидејќи ниту една област како образование, здравство, еконoмија, социјалнa заштита, наука и сл. не може да се помести ниту педа напред. Не смееме да дозвилиме македонското ткиво да биде корумпирано и криминализирано, оттаму нашата политичка максима ќе биде „крај на корупцијата и криминалот и негово искоренување”, бидејќи во прашање е системско зло.
Фамилиите на власт се поврзани со корупција и криминал, не е воопшто пријатно да гледате слики каде највисоки функционери ја делат трпезата со секого, односно тоа е доказ дека со премолчување и самите се дел од тоа криминално семејство. Мора да ставиме крај на ова! Не смее претседатели и премиери кои се во изборна трка да сметаат на гласови добиени со помош на криминалците, бидејќи таму нема збор / беса, таму има ветување и исполнување.
Здравјето на целата нација, здравјето на Македонија го врзуваат за болниот живот на ликови кои се длабоко потонати во криминал.
Само кога секој ќе стрепи од криминал и корупција, тогаш ќе има шанса младите да се вратат назад, а Мекедонија како совршен мозаик да зачекори во просперитетната ера, рече Силјановска Давкова.