Македонија

Голманот на Манчестер Јунајтед: Освојувањето на ФА Купот против Сити нема да ја направи нашата сезона успешна

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана не верува дека евентуален триумф во ФА Купот ќе ја промени целокупната слика за кампањата на „црвените ѓаволи“.

Голманот на Манчестер Јунајтед: Освојувањето на ФА Купот против Сити нема да ја направи нашата сезона успешна

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана не верува дека евентуален триумф во ФА Купот ќе ја промени целокупната слика за кампањата на „црвените ѓаволи“.

Во сабота, тимот на Ерик тен Хаг ќе се соочи со Манчестер Сити во финалето на ФА Купот на „Вембли“. Тоа е последна шанса за трофеј за клубот од „Олд Трафорд“, кој заврши на осмото место во Премиер лигата, не успеа да излезе од групата во Лигата на шампионите и испадна во четвртото коло од Лига купот.

-Свесни сме што е Сити. Во моментов тие се најсилниот тим и веќе двапати загубивме од нив. Сепак, ние сме мотивирани. Но, и да ги победиме, нашата сезона нема да биде успешна. Како дел од Јунајтед, мислам дека освојувањето на ФА Купот не е доволно, но сепак би ги направила работите да изгледаат подобро. Значи, одиме во Лондон за да победиме, изјави Онана во интервју за „Скај спортс“.

Голманот ја прокоментира информацијата за евентуалниот отказ на менаџерот Тен Хаг, кој пред извесно време му беше тренер во Ајакс.

-Нема да го бранам бидејќи е доволно голем да го направи тоа сам. Менаџерот е навистина убаво момче, тој е позитивен и тактички добро поткован. Ако можеше да се потпре на целата своја постава, веројатно ќе беше поинаку, истакна тој

Самиот Онана беше меѓу најкритикуваните играчи во сезоната.

-Пристигнав овде како најдобар голман во светот и бум…. се пропадна. „Што се случи“, прашаа сите. Но, во фудбалот понекогаш е така. Се зависи од тоа дали сакате да станете и да се борите или да останете долу на земја. Знам што направив за да завршам во Манчестер Јунајтед. Знам и кој сум. Избрав да станам и да се борам, изјави Камерунецот.

Најнови вести од Македонија

To top