Македонија Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

ГОБ „8 Септември“ вечерва без функционален Ургентен центар?

Оттаму истакнуваат дека вечерва пациенти реагираат дека се оневозможени да добијат здравствена услуга со наводно образложение дека има насока и Итната медицинска помош да не носи тука пациенти.

ГОБ „8 Септември“ вечерва без функционален Ургентен центар?

Работи ли вечерва Ургентниот центар во ГОБ “8 Септември” и зошто се препраќаат пациентите без да ја добијат здравствената услуга?, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека вечерва пациенти реагираат дека се оневозможени да добијат здравствена услуга со наводно образложение дека има насока и Итната медицинска помош да не носи тука пациенти.

-Прашуваме:
1. Дали се точни информациите дека вечерва ГОБ “8 Септември” е без функционален Ургентен центар?
2. Каде да се упатуваат пациентите и која е причината за оваа нефункционалност?
3. Дали апаратот за комјутерска томографија е надвор од функција повеќе од еден месец и како тоа влијае на листите за чекање кои и без тоа се долги?
4. Колку време се чека за хируршка интервенција во оваа установа каде исто како и во другите здравствени установи се потешко се стигнува до здравствена услуга?
5. Зошто и по повеќе од 10 сечења ленти и промоции уште не е во функција онколошкиот оддел во оваа установа која е уште еден пример за неработење, негрижа и уназадување на јавното здравство, заради лошото менаџирање, иако установата е столб на секундарната здравствена заштита, прашуваат од Комисијата.

To top