Николај Ѓурѓај, претседател на Здружението Илинден во кое што членуваат најголем дел од Македонците кои што живеат во Албанија, со јавна поддршка за кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова.
-Почитувани Македонки и Македонци од Република Албанија со право на глас во татковината Македонија, на 8 мај 2024 ве повикувам масовно да излезете да гласате за Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова број 2. Јас лично без никаква дилема целосно ја поддржувам Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, исто барам од Вас масовно да ја дадеме поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за една нова и поубава иднина и просперитетна татковина. Македонија повторно горда! Победата ќе биде историска, напиша Никола Ѓурѓај.