На денешната седница на Советот на градот Скопје, го потврдив она што го ветив во мојата кампања, дека започнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции, објави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.
Ѓорѓиевски истакна дека секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот на мојот мандат.
Ова е сериозна економска мерка која ќе значи над 30% намалување на трошоците за електрична енергија. Токму овој модел успешно го воспоставивме во сите основни училишта во Кисела Вода, а сега го пренесуваме на ниво на цел град, потенцира во објавата.
Тој додаде дека фотоволтаиците се најчистиот и најисплатлив извор на енергија.
Тие обезбедуваат стабилност, намалување на зависноста од традиционални извори и одговорно управување со јавните средства. Со оваа инвестиција создадаваме современи училишта кои произведуваат чиста енергија и ги учат младите на вистинските вредности, на одржливост, иновација и грижа за средината, додаде Ѓоргиевски.
Образованието е темелот на секој напреден град. Тоа е основата врз која се гради просперитетот, иновацијата и иднината, објави градоначалникот на Град Скопје.
🔋 Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици
✔️ На денешната седница на Советот на градот Скопје, го…
Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Среда, 10 декември 2025