Македонија

Ѓорѓиевски: Се работи на подобрување на работите во системот за да создадеме функционално општество во кое што сите ќе бидеме безбедни

Правени се инспекции и контроли во минатото, но никогаш можеби не биле јавно презентирани или пак доволно презентирани од страна на градоначалниците. Она што се прави во моментов и што е во координација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се строги вонредни контроли. Она што ни беше приоритет од самиот почеток беше, за и граѓаните да видат дека нивните деца се безбедни, беше да направиме првично контроли во сите училишта и градинки на териториите на општините. Над 90% се извршени контроли во објектите од јавен карактер, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Тој напомена дека ќе се врши инспекции на јавните установи и во станбените згради, првенствено ќе се даде време на одговорните да ги средат обврските, а потоа ќе се опоменат, но и ако потоа повторно е по старо, ќе треба да се казнат управителите. Ѓорѓиевски дополни и дека помошта меѓу општините ќе продолжи и ќе има размена на инспектори за работата да биде завршена.

-Со помош на меѓу општинска соработка едните на другите ќе си помагаме во наредниот период, тоа впрочем било и пракса изминативе 3 години, така што ни претстои еден активен период во поглед на тоа дека буквално народски кажано, се ќе се чешла и толеранција нема да има спрема никого. Секој ќе добие период во кој што ќе треба да се адаптира и да ги отстрани сите неправилности кои што ги има, за да може граѓаните да се чувствуваат безбедно, порача Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски изрази жалење за пожарот во Кочани и целокупната ситуација, но истакна дека мораме да одиме напред и да го промениме системот кој не уназадува години наназад.

-Ние имаме систем полуфункционален. Ние имаме институции кои што во минатото не постапувале и тоа генерално се централни институции, јас не велам дека во локалните власти е насекаде утопија и се функционира онака како што треба, но знам колку се трудат градоначалниците целиот мандат за да се поправи се она што било наследено од претходниците. Ме радува што истото го прави и Владата во моментот, што премиерот е постојано во функција на тоа да ги подобри работите во целиот систем за да создадеме едно функционално општество во кое што сите ќе бидеме безбедни, заклучи Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top