Македонија Јавните површини им припаѓаат на граѓаните

Ѓорѓиевски почна голема акција: Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! (ВИДЕО)

 Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите. Заедно градиме град каков што заслужуваме, порача Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски почна голема акција: Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.

Акцијата се спроведува без никакви отстапки, со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.

-Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки. Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес. Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани, посочи тој.

Најави дека акцијата продолжува со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

-Ова е процес во кој сите сме партнери.  Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите. Заедно градиме град каков што заслужуваме, порача Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top