Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со докторите од Клинички центар Мајка Тереза во Скопје.
-Денес имав чест да се сретнам и да испијам пријателско кафе со нашите вистински херои – докторите од Клиничкиот центар во Скопје, директорите и професорите од Медицинскиот факултет. Разговаравме искрено за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, но и за тоа како градот Скопје може да им помогне. истакана Ѓорѓиевски.
Тој потенцира дека еден од најголемите проблеми што го истакнаа е паркирањето во околината на Клиничкиот центар, проблем кој одамна бара решение.
-Веднаш по преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, ќе постапиме конкретно: ќе ја регулираме состојбата со паркирањето, хортикултурно ќе го уредиме дворот на Клиничкиот центар и ќе изградиме потпорен ѕид кај Детската клиника, објави Ѓорѓиевски.
Ви благодарам на поддршката и довербата! Заедно ќе изградиме достоинствено, современо и хумано Скопје, град со кој сите ќе се гордееме!, наведува во објавата Ѓорѓиевски.
♥️👨⚕️ Благодарам на поддршката!
🥼 Денес имав чест да се сретнам и да испијам пријателско кафе со нашите вистински…
Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Monday, October 6, 2025