Македонија Христос се роди!

Ѓорѓиевски: Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството

Ѓорѓиевски: Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм.

Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија, објави Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.

Facebook / Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski

„Божиќ е и најрадосниот празник, празник на Христовото раѓање, празник на животот, надежта и љубовта.
Ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака.

Денес, во духот на овој свет празник, присуствував на Божествената литургија во Соборниот храм, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
Молитвата, заедништвото и духовниот мир уште еднаш нè потсетија на силата на верата и значењето на единството.

Посакувам во секој дом да има многу љубов и здравје, мир, среќа и бериќет.
Нека секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре.
Да бидеме добри луѓе, со чисто срце, со разбирање и почит еден кон друг.
Да простуваме полесно, да сакаме повеќе и да не заборавиме дека вистинската сила се раѓа во добрината и човечноста.

Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството, затоа што токму тоа е темелот што нè носи низ сите препреки и предизвици на нашите животни патеки.

Нека светлината на Христовото раѓање ги осветли нашите домови и срца.
Честит Божиќ. За многу години“, наведува во објавата Ѓорѓиевски.

☦️ Христос се роди!

♥️ Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството.
Тој нè потсетува колку е…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Среда, 7 јануари 2026

To top