Македонија вмро-дпмне победник на изборите

Ѓорѓиевски: Често сум меѓу граѓаните и апсолутно е јасно дека на следните претседателски и парламентарни избори победник е ВМРО-ДПМНЕ

Често сум меѓу граѓаните и токму граѓаните се оние кои даваат шанса и истата ја земаат и на СДС ќе им биде одземено тоа што им беше дадено 7 години да управуваат со државата, а не покажаа резултати. Најрелевантен извор за тоа да испитате каков е пулсот кај народот е да се прошетате меѓу народот, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Ѓорѓиевски: Често сум меѓу граѓаните и апсолутно е јасно дека на следните претседателски и парламентарни избори победник е ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски посочи дека граѓаните ќе дадат целосна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски и парламентарни избори.

Во Македонија апсолутно е јасно на кој страна се граѓаните и на кого ќе му дадат поддршка на следните избори, посочи тој.

На прашањето со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира после изборите, Ѓорѓиевски рече дека во јавноста се креира лош впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитет, нагласувајќи дека ќе коалицира со политичка партија со која ќе има усогласување на програмските определби.

Изминатите 2 години се креираа некој впечаток во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитет и нема со кого да коалицира, што е апсолутно погрешно. Ние ќе коалицираме со оние политички партии без разлика дали е албанска или турска, со која ќе имаме усогласување на програмските определби. На крајот на денот програмата со која настапуваат политичките партии на изборите, треба да биде содржана со проекти кои што ќе бидат за сите граѓани, изјави Ѓорѓиевски и додаде дека кога тој ја правел програмата во Кисела Вода за локалните избори или кога асфалтирал улици тоа го правел за сите граѓани.

Јас кога правев програма во Кисела Вода не земав во предвид дали правам програма за Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми или останати. Па јас кога асфалтирам улица не прашувам дали таму живеат луѓе од СДС, ВМРО-ДПМНЕ или се Македонци или Албанци. Апсолутно е неважно тоа, рече тој.
Ѓорѓиевски смета дека на следните избори граѓаните поддршка ќе дадат на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи се разочарани и незадоволни од владата на СДС, која како што рече тој 7 години ништо не направија.

Јас сум апсолутно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ со оглед на пулсот на граѓаните кои што се чувствува се поизразито се чувствува било каде да прошетате на терен, дали е Скопје, Неготино, Кавадарци, или Охрид, едно исто граѓаните говорат а тоа е дека се целосно незадоволни и разочарани од власта што 7 години им потрошија а ништо не направија, а второ дека шанса ќе дадат на ВМРО-ДПМНЕ, програмата и претседателот Мицкоски кој што е претедент да биде премиер на Македонија, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски додаде дека вториот впечаток кој се остава во јавноста а е погрешен е тоа дека СДС била проевропски фронт, а ВМРО-ДПМНЕ антиевропски, укажувајќи дека тоа е апсурд бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која од 90тите години наваму има евроинтеграциски ставови и се бори за влез и интеграција на државата во ЕУ.

И второ што се креира како впечаток во јавноста е дека СДС била проевропски фронт, а ВМРО-ДПМНЕ била антиевропски фронт, што според мене ова е смешно, бидејќи децата на комунизмот, ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ која што од 90тите години е проевропски настроена дека биле против тоа, а тие биле за. И тоа е апсурд. Единствениот блок кој што од 90титете години па наваму има евроинтеграциски ставови и се бори за влез и интеграција на државата во ЕУ е ВМРО-ДПМНЕ, заклучи тој.

Најнови вести од Македонија

To top