Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев денеска беше во Дојран, каде во рамки на активностите оставри средби со граѓани.
-Зборуваме за работи коишто се важни за Дојран, а тоа е дека поради катастрофално лошото владеење на СДСМ, овде со години веќе не работи хидросистемот за полнење на Езерото. Можете да видите тука, значи езерото и тоа како е повлечено. Тоа резултура да сега, на крај на јули, еве уште малку и почеток на август, има многу, многу малку туристи во Дојран.
Понатаму, има огромен проблем со водоснабдувањето. Значи, повисоките места немаат притисок, веќе слабо добиваат вода, туристичката сезона оди лошо.
Значи, сакаме да ги промениме работите. Сакаме на локалните избори во октомври да имаме и градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, да имаме и советничко мнозинство, односно листа која што ќе добие убедлива поддршка. И на тој начин, заедно со Владата, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, да имаме огромен број на проекти коишто се важни за Дојран и за сите населени места во општина Дојран.
Така што, добри сме, мотивирани, позитивна атмосфера и одиме заедно. Одиме на победа во Дојран, одиме на победа во цела Македонија и уште повеќе работа, нагласи Ѓорчев.