Македонија „Тема на денот“

Ѓорчев: СДС коси кубеа кога буџетот беше 3 милијарди, а тогаш ВМРО-ДПМНЕ градеше и инвестираше, сега е скоро 6 милијарди евра и ништо не е направено, само долгот се зголемува

-Државата сега ни се празни остануваме без младост, немаме економија, власта е корумпирана и мораме да направиме пресврт кој ќе ја сочува Македонија, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев: СДС коси кубеа кога буџетот беше 3 милијарди, а тогаш ВМРО-ДПМНЕ градеше и инвестираше, сега е скоро 6 милијарди евра и ништо не е направено, само долгот се зголемува

Се работи за економска катастрофа и задолжување на граѓаните на Македонија за наредни генерации. Ни се случува економско цунами, овој буџет е највисок во историјата на Македонија, речиси 6 милијарди евра. СДС со нивните мегафони коси корнеа кога буџетот беше 3 милијарди евра, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Ѓорчев истакна дека ВМРО-ДПМНЕ тогаш со тој буџет од 3 милијарди евра ја направи спортската сала Борис Трајковски во која беше сега самитот на ОБСЕ, направи булевари, аеродром, фабрики, донесе инвестиции, компјутер за секое дете и се останато.

-Сега буџетот е двојно поголем, никогаш повеќе не се исцедени пари од народот, фирмите, стопанство, како што сега, долгот е најголем во историјата, жестоко ќе плаќаме, а во Македонија не се прави ништо, рече тој.
Ѓорчев потенцираше дека ни треба економски пресврт, ни треба влада предводена од Христијан Мицкоски која ќе биде одговорна за буџетот и ќе работи ова држава да се консолидира.

-Државата сега ни се празни остануваме без младост, немаме економија, власта е корумпирана и мораме да направиме пресврт кој ќе ја сочува Македонија, изјави Ѓорчев.

Најнови вести од Македонија

To top