Македонија

Ѓорчев: Поради неспособноста на Kовачевски и Пендаровски Македонија проси за се, тој менталитет не може да ја води државата

Ѓорчев: Поради неспособноста на Kовачевски и Пендаровски Македонија проси за се, тој менталитет не може да ја води државата

Не можеме да дозволиме на она на што Димитар Ковачевски и вонредно неуспешниот Стево Пендаровски сакаат да не навикнат, а тоа дека е нормално, дека е ок, дека ништо не е спорно, во тоа Македонија да биде најлоша во се во Европа. Јас не прифаќам Македонија да биде најлоша во се, во сите можни категории, истакнува Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев посочи дека поради актуелната влада на Ковачевски и Пендаровски, Македонија проси за се. Имено тој посочи дека Македонија мора да се натпреварува со светот и мора да научи да победува.

-Македонија мора да научи да победува. Македонија мора да научи да биде компетитивна. Македонија мора да научи да се натпреварува со светот. Значи не може ние да бидеме просјаци и за се, дали се работи за армија, дали се работи за здравство. Со актуелнава влада на Ковачевски и Пендаровски ние буквално просиме за се. Ние просиме за вакцини, па пола влада оди на Табановце, кога ќе дојде една кутија со вакцини. Минатата година кога беше кризата со брашно и со зејтин, просевме за зејтин и брашно. Просиме за амбулантни возила, веќе користени, просиме пожарникарски возила и така натаму, потсети тој.

-Во ред е да се добие помош, јас разбирам дека ние не сме меѓу најразвиените земји, но не може тој менталитет на просење да ја води оваа земја.

Ѓорчев се осврна и на тоа дека Македонија нема железнички сообраќај како и на тоа дека повеќе години учениците немаат учебници.

-Ние сега останавме без железнички сообраќај во Македонија, 150 години сме вратени назад. Ние во време со влада на ВМРО-ДПМНЕ имавме огромен број на линии во Македонија, но и возови, сега дојдовме до тоа да нема возови, а ако има возови од Скопје до Битола се патува 8 часа. Ние не може да се спремаме за 21 век, нашите деца со години немаат книги. Значи дојдовме до тоа од компјутер за секое дете, каде Македонија не така одамна 2014-2015 година имаше повеќе компјутери по ученици и повеќе таблети и за професорите одошто Јужна Кореја, сега да имавме ситуација каде минатата учебна година во јуни децата уште немаа учебници. Цела учебна година ја поминаа без учебници, додаде Ѓорчев.

Најнови вести од Македонија

To top