Македонија Претседателски избори 2024

Ѓорчев: Има голем пад на рејтингот на власта, а голем раст на разочарувањето кај граѓаните, Пендаровски ќе има 100.000 гласови помалку од 2019 година

„Има голем, голем пад на рејтингот на власта. Гледаме голем раст на разочарувањето кај граѓаните, граѓаните не гледаат перспектива, иселувањето е огромно, инфлација која што галопира, цени кои што се ужасни и еден куп корупциски афери“, појасни Владимир Ѓорчев.

Ѓорчев: Има голем пад на рејтингот на власта, а голем раст на разочарувањето кај граѓаните, Пендаровски ќе има 100.000 гласови помалку од 2019 година

„Гордана Силјановска Давкова ќе победи на овие избори. И ќе победи затоа што генерално расположението во Македонија е поинакво, граѓаните сакаат промена“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на ТВ 21.

„Има голем, голем пад на рејтингот на власта. Гледаме голем раст на разочарувањето кај граѓаните, граѓаните не гледаат перспектива, иселувањето е огромно, инфлација која што галопира, цени кои што се ужасни и еден куп корупциски афери“, појасни тој.

Ѓорчев додаде дека споредено со 2019-тата година, власта е во многу понеповолна позиција, а ВМРО-ДПМНЕ е во налет.

„Значи во 2019-тата година, точно пред пет години во првиот круг власта го поддржа Пендаровски и СДС, ДУИ, Максим Димитриевски. Значи имаше едноставно концентрација на гласови за Стево Пендаровски, но сепак во првиот круг Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова имаа резултат 2 – 3.000 плус минус. А, сега мислам дека загубата Пендаровски генерално за СДС за две недели ќе видиме, но јас мислам ќе биде околу 100-тина илјади гласови сигурно. Затоа што ДУИ има свој кандидат и ќе си гласаат за него во првиот круг“, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека само со тоа СДС и Пендаровски ќе имаат значителен пад во гласовите.

„А, плус на тоа ако го додадеме падот на рејтингот од 2019-та до сега, значи ќе имаат голем пад СДС и Пендаровски“, додаде тој.

Ѓорчев укажа дека ВМРО-ДПМНЕ имаше голема победа на локалните избори. А, и според анкетите рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е значително висок.

Најнови вести од Македонија

To top