Македонија брифинг

Генералните директори на ФЗО ќе информираат за постигнатите резултати во изминатата година

Од ФЗО посочуваат дека настанот претставува можност за целосен увид во резултатите, процесите и визијата за натамошен развој на Фондот како стожер институција во здравствениот систем.

Генералните директори на ФЗО ќе информираат за постигнатите резултати во изминатата година

Генералните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска ќе одржат брифинг со новинарите, посветен на ретроспектива на постигнатите резултати и реформски чекори во изминатата година од нивното именување на функцијата.

Како што информираат од ФЗО, во фокусот на брифингот ќе бидат: клучните системски промени во работата на Фондот; подобрениот пристап и достапност до здравствени услуги и иновативни терапии; зголемената транспарентност и отчетност во управувањето со јавните средства; зголемувањето на буџетите на јавните здравствени установи за 2025 година со цел унапредување на здравствените капацитети и услуги и стратешките партнерства и дигитални иницијативи во интерес на осигурениците.

Од ФЗО посочуваат дека настанот претставува можност за целосен увид во резултатите, процесите и визијата за натамошен развој на Фондот како стожер институција во здравствениот систем.

To top