Кочани и Македонија рано утрово беа погодени од голема трагедија, откако во дискотека во Кочани избил пожар при што според официјалните информации загинале 59 млади лица а повредени се уште стотина други.
МВР како и останатите надлежни институции од рано утрово со сите расположливи средства е на терен и постапува по несреќниот случај.
За трагичната несреќе приведено е едно лице, а по четири распишана е централна потерница.
Полицијата и натаму останува на терен.