Македонија

Фрустрации кои чинат милиони – Кузеска призна, Ковачевски од личен хир не сакал веднаш да се согласи со двојни избори

Фрустрации кои чинат милиони – Кузеска призна, Ковачевски од личен хир не сакал веднаш да се согласи со двојни избори

Се поизвесно е дека на 8 мај годинава би се случиле заедничките парламентарни и претседателски избори како што првично и побара Мицкоски, зошто се одолговлекуваше овој цел процес, зошто веднаш не се согласивте зошто првично баравте одвоени избори? Ја праша водителката на дебатната емисија „Само вистина“ Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ во вчерашната дебата со Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата.

Можеби јавноста очекуваше темелен одговор, базиран на принципи, но одговорот на Кузеска ја шокираше јавноста, – „ А што требаше одма да му удоволиме на Мицкоски?“ е причината заради која Ковачевски не прифаќал двојни избори.

Кузеска не застана тука, па уште повеќе ја извади ароганцијата на власта, па директно обраќајки и се на водителката рече: Еве нека каже ВМРО-ДПМНЕ зошто беше против одвоени избори? За сметката, заради финансиски импликации?

На што Митева потенцираше дека тоа е клучен аргумент кој го дале како ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ако го кажувате како потценување, тоа само зборува колку вие не ја разбирате суштината и сериозноста која што ја имаме. Јас го толкувам како ароганција и потсмев вашиот став, бидејќи финансиските импликации кои ги имаат едни избори ќе се одразат врз граѓаните, а работа на политичарите е да размислуваат за граѓаните и за доброто на граѓаните, рече Митева.

Според неа суштината и одговорот на прашањето дали требаше да удоволиме некому, на почетокот на вашето прашањето на Кузеска, го покажува пристапот кој СДС го има не само кон граѓаните, го има во политиката, а го има и во рамки на нивната политичка партија , но како што рече таа, тоа е нивна работа.

Ароганцијата дали некому треба да му се удоволува за клучни работи во државата е нивниот систем на вредности по кој што тие одат и по кој што тие се водат, заклучи Митева.

Најнови вести од Македонија

To top