Фројд се јави, навистина се јави! Вака утрово се поздравува врхушката на СДС. По најавата на Христијан Мицкоски дека 50 предмети за висока корупција во државата се отворени, логичен чин кој доаѓа по смената на последниот заштитник Коцевски, особено по обелоденувањето на случајот за рекетот врз Жан Митрев од Заев и Филипче, СДС силно притиснати од Фројдовиот синдром во себе, конечно, го признаа она што толку долго ги притиска и пече, ги жега пустите што сон не ги фаќа. Пукнале ајваните, та морале да си дадат оддишка, да признаат.
И така, Фројдовиот синдром проработе, а потиснуваното исплива најпластично во соопштение насловено: „Украденото мора да се врати кај народот!“
И првпат, по многу години, на Бихаќка добија наплив на искреност, па свесни за 7-годишниот аздис и зулумите во тендер коалицијата СДС/ДУИ, арамилак и апашлук кој толку долго го потиснуваа длабоко во себе, во истото „приопќење јавности“ си напишаа:
„Милионски суми, огромен број тендери, само за едни исти омилени фирми. Украденото мора да се врати кај народот. А за тоа да се случи, мора да има одговорност за криминалните тендери.“
И ќорава кокошка ќе клукне некое зрно, така и СДС од илјадници соопштенија ќе погоди во некое. Точно, „Украденото мора да се врати кај народот“.
И ќе се врати, не се грижете.
П.С.
Туку, дали вистинскиот „Мало сутра“ лидер ви е во Дубаи, и ако да, зошто не се врати во Македонија, макар за Конгресот чуму не дојде? Не, не дека немаме договор за екстрадиција со нив.
Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме…