Македонија цук

Фотографии од терен: Активен пожар над с. Бадилен, месност „Шамок“

Фотографии од терен: Активен пожар над с. Бадилен, месност „Шамок“

Активни се пет пожари на отворен простор, соопштуваат од Центар за управување со кризи.

Пожарите се во следниве општини:
-Неготино во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума);
-Ново Село над с.Бадилен, месност „Шамок“ (борова шума);
-Гевгелија, помеѓу с.Негорци и Кованец (мешовита шума);
-Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во
-Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, месност „Хаџи Реџепли“ (каде што гори ниска вегетација и грмушки), наведуваат од ЦУК.

Фотогарфии од терен пожарот над с.Бадилен, месност „Шамок“ кон границата со Р. Бугарија (Oпштина Ново Село), којшто се уште е активен.

ЦУК

Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и како засилување на силите кои гаснат од земја, има еден армиски хеликоптер, полициски хеликоптер и два авиона на ДЗС, информира ЦУК.

ЦУК

Најнови вести од Македонија

To top