Македонија активиран кризниот штаб

ФОТО+ВИДЕО: Пожари на повеќе локации во Ѓорче Петров

ФОТО+ВИДЕО: Пожари на повеќе локации во Ѓорче Петров

Пет пожари се активни на територија на Општина Ѓорче Петров.

Курир

Гори на потегот Стопански двор, над црквата, кај гробиштата Ѓорче, над улица Црногорска, како и во Волково, Орман и Кучково.

Од Општината Ѓорче Петров информира дека поради појава на повеќе активни пожари на територијата на општината, денес е официјално активиран Кризниот штаб.

Курир

На терен се ангажирани екипи на Противпожарната служба, Министерството за внатрешни работи (вклучително и специјалните единици ЕБР и Интервентна полиција), припадници на Армијата, како и претставници на локалното население.

Курир

-Ситуацијата е сериозна, но под контрола и постојан надзор и координација на надлежните институции. Апелираме до граѓаните за смиреност, одговорност и соработка со службите на терен, како и строго почитување на сите препораки и наредби издадени од надлежните органи, информираат од Општината.

Курир

Најнови вести од Македонија

To top