Ве информираме дека ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта.
Од информациите од терен од страна на сообраќајните служби, воведена е забрана за тешки товарни возила на следниве патни правци и планински превои:
·Крива Паланка – ГП Деве Баир
·ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тони
·Гостивар-Маврово-Дебар
·Гостивар-Стража-Кичево
·Тетово – Попова Шапка
·Пресека
·Плетвар
·Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато
·Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
·на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија
Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кажест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.