Македонија

ФОТО: Сообраќаен колапс на „Водњанска“, се судрија автобус и автомобил

ФОТО: Сообраќаен колапс на „Водњанска“, се судрија автобус и автомобил

Автобус на ЈСП и автомобил „Ауди“ се судрија на булеварот „Водњанска“. Сообраќајната несреќа, случена на делот од булеварот кој е стеснет поради куќата, предизвика сообраќаен колапс.

Од СВР Скопје за Курир информираат дека несреќата е пријавена кај нив околу 13:20 часот.

-Во несреќата учествувале автобус и патничко возило „Ауди“ со тетовски ознаки. До овој момент, пријава за повредени лица нема, велат од СВР Скопје за Курир.

Овој булевар е еден од најфреквентните во градот поради Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

To top