Македонија ДУИ замина

(ФОТO) Симболика: Ахмети си ги „спакува куферите“ и замина. Од пред Уставен…

Дуи се „сели“ од пред Уставен, откако потегот на Али испадна ќорфишек, а Уставниот суд најави дека ќе одат со Подготвителна седница и јавна расправа, што ќе го одложи решението и одлуката за „двојазичноста“ за неколку месеци од денеска. Симптоматично или не, но незадоволна од ова, освен Ахмети, кој вака не успеја да поентира и да предизвика немир кај граѓаните, беше само судијката Кацарска, која запраша кој ним можел да им кажува што е уставно во државата

(ФОТO) Симболика: Ахмети си ги „спакува куферите“ и замина. Од пред Уставен…

ДУИ ги демонтира шаторите од „стражата за јазикот“, употребени за притисок врз Уставниот суд и расправата за Законот за употреба на јазиците. Народски кажано, Ахмети си ги спакува куферите и си замина со сопартијците. Преседоа цели три дена, иако поголемиоот дел од времето во шаторите немаше никого, односно зјаеја празни.

Потегот на Али испадна ќорфишек, откако Уставниот суд најави дека ќе одат со Подготвителна седница и јавна расправа, што ќе го одложи решението и одлуката за неколку месеци од денеска. Незадоволна од ова, освен Ахмети, кој вака не успеја да поентира и да предизвика немир кај граѓаните, беше само судијката Кацарска, која запрашала кој ним може да им кажува што е уставно во државата?

Претходно, претседателот на уставен, Дарко Костадиновски, обвини за силни политички притисоци: „Ние изминатиов подолг период сме сведоци на едно непримерно, можам да го наречам и политичко насилие, влијание, притисоци на некој начин и уцени на Уставниот суд. Тоа е резултат на едно фрапантно отсуство на елементарна политичка култура, да не зборувам за уставна култура.“

Се знае од кого се притисоците.

Ќе се вратат ли ДУИ пак пред Уставен? со или без Груби…

Најнови вести од Македонија

To top