Македонија

ФОТО: Расчистување на вегетацијата на клучките на автопатот А1, безбедноста врвен приоритет велат од ЈПДП

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – ЈП „Македонијапат“ спроведува голема акција за есенско расчистување на вегетацијата на патните правци и клучките на влезот во главниот град Скопје, соопшти попладнево Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

ЈПДП

Акцијата по налог на ЈПДП се спроведува согласно со Годишната програма за оддржување на државните патишта.

– Бујната вегетација не е присутна само во пролетниот период туку кога имаме обилни врнежи и во есенскиот период и токму затоа на најкритичните точки отпочнавме со сеопфатно расчистување на дел од автопатските делници, а посебно со оваа акција се опфатени клучките Хиподром, Белви, Петровец и Миладиновци каде што има најголема фреквенција на сообраќај и во овој период од годината, соопшти ЈПДП на својата фејсбук страница.

ЈПДП

Јавното претпријатие за државни патишта секоја година преку договор го доверува одржувањето на државните патишта на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – ЈП „Македонијапат“.

To top