Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е ангажиран за гаснење на пожарот кој од вчера е активен на планината Жеден.
Од ЦУК информираат дела гори само трева на тешко пристапен терен.
-Нема опасност по населени места или било какви други објекти, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Од ЦУК повторно аплираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.