Македонија Скопје

ФОТО: Муцунски ја пречека Беате Мајнл-Рајсингер

Во време на глобални предизвици, координацијата и солидарноста меѓу партнерите е неопходна. Нашата држава и Австрија стојат заедно на страната на мирот, почитта кон меѓународното јавно право и одбраната на основните демократски вредности, објави министерот з надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

ФОТО: Муцунски ја пречека Беате Мајнл-Рајсингер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска e домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер.

Чест ми е што денес во Скопје ја пречекувам министерката за надворешни работи на Австрија, мојата ценета колешка Беате Мајнл-Рајсингер. Посетата е уште една потврда за блиските и стабилни односи меѓу нашите држави, како и за довербата која ја градиме долги години, објави Муцунски.

Односите меѓу двете земји се одлични – политички конзистентни, економски силни и исполнети со заемна почит и поддршка. Австрија е најголем странски инвеститор, што говори за длабочината на нашата економска соработка и за довербата во институциите. Особено ја цениме принципиелната и континуирана поддршка за европската интеграција на нашата држава и на целиот регион. Како носител на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, Австрија игра клучна улога во одржување на политиката на проширување високо на агендата на Европската унија.

Изразив искрена благодарност за брзата реакција и несебичната поддршка што ја добивме по трагичниот настан во Кочани, кога нашите сограѓани беа згрижени и лекувани во болници во Виена и Грац – гест што длабоко го цениме.

To top