Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со шведската министерка за европски прашања, Јесика Розенкранц.
Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен фокус на европските интеграции, сеопфатните реформски процеси и зајакнувањето на институционалните капацитети, рече Мицкоски.
Средбата претставува силен поттик за понатамошно унапредување на партнерството и заедничките иницијативи во духот на европските вредности, додаде во објавата.
Денеска остварив средба со министерката за европски прашања на Кралството Шведска, г-ѓа Јесика Розенкранц….
Posted by Hristijan Mickoski on Петок, 28 ноември 2025