Македонија операција

ФОТО: Малата Срна за која се обедини цела Македонија си оди од болница, мајката му се заблагодари на хуманиот народ: „Благодарение на сите вас денес си ја носиме дома“

3-годишната Срна си заминува од болница, откако со помош на граѓаните се собраа средствата за лекување во приватната болница „Систина“.

ФОТО: Малата Срна за која се обедини цела Македонија си оди од болница, мајката му се заблагодари на хуманиот народ: „Благодарение на сите вас денес си ја носиме дома“

3-годишната Срна си заминува од болница, откако со помош на граѓаните се собраа средствата за лекување во приватната болница „Систина“.

Веста ја објави мајката на Срна, Васка Цветаноска-Панова, која покрај споделените фотографии, му се заблагодари на д-р Ристо Симеонов кој ја оперирал и се грижел за Срна, но и на целиот медицински персонал кој дал сè од себе за малото девојче да се чувствува пријатно.

Не ги заборави ни граѓаните на Македонија, кои се сплотија и за неполн ден собраа скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна.

„Д-р Ристо Симеонов, немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно! Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме а вие целосно и се посветивте. Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина. Кога ме свикаа сестрите да одам во соба за будење, вие бевте до неа и ме пречекавте со насмевка. Во истиот момент ми падна камен од душава. Медицинскиот персонал од Acibadem Sistina Hospital, вие мили тетки и дадички ни бевте ветер во грбот. Толку бевте внимателни и трпеливи кон Срна но и кон нас како родители.

Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој…“, порача мајката Васка Цветаноска-Панова.

За потсетување, по апелот на родителите на Срна, Трајче и Васка, се собраа над 1 милион денари за лекување на малата Срна, чиј лев бубрег има трајни оштетувања како резултат на сепса развиена од уринарна инфекција.

Најнови вести од Македонија

To top