Градот Скопје денеска одбележа 83 години од трагичниот 11 март 1943 година – денот кога 7.144 македонски Евреи беа насилно одземени од своите домови и депортирани во логорот на смртта Треблинка.
🕯️ Скопје памети – 83 години од црниот 11 март
🫡 Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски…
Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Wednesday, March 11, 2026
На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со претставници на институциите, еврејската заедница и граѓани оддаде почит на невините жртви на Холокаустот.
Од Град Скопје потсетуваат дека трагедијата од 11 март претставува длабока рана во колективната меморија на градот. Меѓу депортираните биле соседи, пријатели, трговци и еснафи – луѓе кои со својот труд, култура и дух придонесувале за развојот и животот на Скопје.
Со одбележувањето на оваа годишнина се испраќа силна порака дека сеќавањето на жртвите мора да се чува и пренесува на идните генерации, како вечна опомена за опасностите од омразата, нетолеранцијата и антисемитизмот.
Од Град Скопје истакнуваат дека должност на општеството е да ја зачува вистината и достоинствено да го негува споменот на жртвите, со цел ваквите трагедии никогаш повеќе да не се повторат.