Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот празник упатија силна порака за хуманост и солидарност.


Денешниот ден беше посветен на човечноста, при што со заеднички ангажман, љубов и посветеност беа приготвени повеќе од 250 топли оброци, наменети за најранливите категории сограѓани и поделени во пунктот за бездомници на Црвениот Крст, таму каде што секој гест значи надеж, а секој оброк значи грижа.



-Во време кога дел од нашите сограѓани се соочуваат со тешки животни предизвици, наша човечка и општествена обврска е да подадеме рака. Затоа што хуманоста не е избор, туку темел на едно здраво, солидарно и праведно општество. Овие луѓе ја заслужуваат нашата грижа и почит, но најмногу, дела. Токму затоа, со директорот на училиштето и со Марк се договоривме оваа хумана пракса да продолжи најмалку четири пати месечно, за да помогнеме на што поголем број сограѓани. Дополнително, се обврзувам да работиме и на обезбедување достоинствена работа за овие лица, како чекор кон полесно надминување на животните потешкотии, вели Ѓорѓиевски.


Градоначалникот нагласи дека малите дела на добрина имаат огромна моќ – да внесат светлина, надеж и верба во луѓето. Особено во време на големи празници, кога топлината на човечкото срце значи најмногу.