Денес околу 15:00 часот велосипедист скршил колк при пад на тешко пристапна пашачка патека под Средно Водно.
По добиената пријава на 112 екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата, а до повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека.
Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош.
-Голема благодарност од ЦУК до докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки, посочуваат од ЦУК.