Кисела Вода го очекува пуштањето во употреба на реновираната спортска сала „Расадник“, симбол на општината.

По години минати оставена на забот на време, спортската сала „Расадник“ блеснува во полн сјај. Финалните подготовки за нејзиното пуштање во употреба се во тек. Се уредува влезот на салата, поставени се буквите на името на салата.


Просторот околу салата партерно и хортикултурно се уредува.

Од објект кој со години пропаѓаше и претставуваше срамен пример за негрижа, „Расадник“ повторно ќе стане место каде што ќе се собираат граѓаните, ќе се слави спортот и ќе се раѓаат нови спортски имиња, како што беше случај и во минатото.

Најавите се дека спортската сала „Расадник“ повторно ќе биде дом на ракометниот клуб „Вардар“.
Вредноста на реконструкцијата изнесува 120 милиони денари.