Македонија голема победа на малиот борец

ФОТО: Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК

Малиот Едон Спахију, роден е во 27 гестациска недела, си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.

ФОТО: Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК

По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Оттаму информираат дека тој е роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испратиле со телесна тежина од 2110 грама.

-На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа. На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон, велат од ГАК.

Најнови вести од Македонија

To top