Македонија УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА

ФОТО: Армискиот хеликоптер дејствуваше на пожарот во Јасен, исфрлени 52 тони вода

Армискиот хеликоптер за три часа истури 52 тони вода и спречи ширење на шумскиот пожар во Јасен.

ФОТО: Армискиот хеликоптер дејствуваше на пожарот во Јасен, исфрлени 52 тони вода

Армискиот воздухопловен ВИНГ вчера беше ангажиран во поддршка на акцијата за гаснење на шумски пожар во реонот на Јасен.

АРМ

-Интервенцијата започна во 06:30 часот наутро, по добиеното официјално известување и завршена координација со надлежните институции. Во текот на тричасовната интервенција, беа реализирани повеќе летови со вкупно 26 исфрлања и истурени 52 тона вода врз критичните жаришта на пожарот, известуваат од АРМ.

АРМ

Во акцијата беа вклучени и капацитети од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Министерството за внатрешни работи (МВР), кои обезбедија логистичка и оперативна поддршка на терен.

Воздушната поддршка овозможи значително намалување на интензитетот на огнот и спречи негово ширење.

АРМ

Најнови вести од Македонија

To top