Македонија мвр

ФОТО: 5 години Единица за интервентна полиција

Денес ЕИП се одликува со оперативна мобилност и широк оперативен опфат, координираност, професионалност, а се во насока на поголема функционалност и ефикасност на севкупниот полициско-безбедносен систем на подрачјето на главниот град.

ФОТО: 5 години Единица за интервентна полиција

Единицата за интервентна полиција денеска одбележа пет години од формирањето. Во 2019 година единицата беше формирана со спојување на единиците – за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“.

МВР

Единицата за интервентна полиција е поддршка и на другите организациони единици во рамки на СВР Скопје, а еден од приоритетите во нејзиното функционирање е континуираната обука и едукација на нејзините припадници, во насока на воспоставување на сите потребни професионални стандарди, вештини и знаења.

Денес ЕИП се одликува со оперативна мобилност и широк оперативен опфат, координираност, професионалност, а се во насока на поголема функционалност и ефикасност на севкупниот полициско-безбедносен систем на подрачјето на главниот град.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека единицата делува како во смисол на спроведување на законите на сите нивоа, односно домени на надлежности, така и во поглед на остварување на зацртаните проекции и планови на Секторот за внатрешни работи Скопје.

МВР

Командантот на Интервентната полиција, Васко Наумовски посочи дека во периодот од почетокот на годинава заклучно со ноември 2024 припадниците на ЕИП на подрачјето на СВР Скопје извршиле легитимирање на 22.662 лица, 20.985 прегледи на лица и уште 9.096 – прегледи на патнички моторни возила, како и 477 непосредно забележани лица.

Како резултат на извршувањето на работните задачи по разни основи од слобода се лишени и приведени вкупно 1.816 лица.

Најнови вести од Македонија

To top