Се шири кругот на фирми коишто цицале од државниот буџет преку Фондот за иновации и набавувале медицинска опрема за време на Ковид пандемијата, дознава Алфа од свои информации. Станува збор за здравствени приватни ординации коишто се опремувале со медицинска опрема во период кога Македoнија се соочуваше со криза, а на чело на Министерството за здравство беше Венко Филипче. Се истражува на кој начин овие ординации добивале пари и дали го прекршиле Законот за иновациска дејност, пренесе националната телевизија Алфа.
Засега не се знае за колку ординации станува збор и колку пари земале од Фондот.
Според последните информации, од наредната недела МВР, Обвинителството и финансиската полиција ќе ја добијат документацијата од Фондот за иновации.
Од Обвинителство најавија дека ја чекаат кривичната пријава на директорот на Фондот Никола Додов кој минатата на недела на прес конференција обелодени дека во последните 5 години злоупотребени се 3, 2 милиони евра за фантом проекти.
Антикорупциска од август оваа година неколкупати досега се обратила до Фондот и барала документи за конкретни проекти.
Од списокот на фирми кои според информациите на Фондот не исполниле обврски и критериуми, а зеле илјадници евра се две компании со седиште во струмички Глобал и се поврзани со поранешниот премиер Зоран Заев. На списокот фирми што според информациите незаконски цицале средства се и две компании на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети.
За криминалот во Фондот поранешен антикорупционер којшто истражувал што се случува таму коментира дека поранешните директори си носеле правилници водејќи се од девизата „Се што не е забрането е дозволено“.
Според она што го пресконференција го обелодени директорот Додов, откриени се злоупотреби на парите од Фондот од страна на 50 приватни здравствени установи. За нив се утврдува основот по кој станале корисници на Фондот за иновации.
Додов рече дека се поведени постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител за дел од копманиите. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителство.
Оригиналната вест погледнете ја на ТВ Алфа.