Во пресрет на 18ти август – Денот на Армијата, со свечено постројување на Воениот стадион во Градскиот парк, денес, припадниците на командите и единиците, ги започнаа финалните спортски натпревари. Финалните спортски натпревари ги отвори, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој потенцираше дека спортот и војничката професија делат исти вредности, физичката подготвеност и воопшто спортувањето значајно придонесуваат за подобро извршување на мисијата и задачите што директно влијае на нивото на борбената готовност, поради што одбележувањето на нашиот најголем армиски празник започнува со спортските игри. По завршување на натпреварите во крос трчање, мал фудбал, пинг-понг, одбојка и кошарка на најдобро пласираните екипи и поединци ќе им бидат доделени признанија. На најуспешната единица ќе и се додели преоден пехар, се вели во Фејсбук статусот на АРМ.
Македонија
арм
Финални спортски натпревари на АРМ во пресрет на 18-ти август
Во пресрет на 18ти август – Денот на Армијата, со свечено постројување на Воениот стадион во Градскиот парк, денес, припадниците на командите и единиците, ги започнаа финалните спортски натпревари.