Министерот за правда Игор Филков упати честитка по повод новогодишните празници. Во честитката тој посакува годината што претстои да донесе просперитет и нови можности за сите нас и напомена оти верува дека со заеднички напори, можеме да изградиме општество каде правдата е основа за доверба и напредок.
-Годината што ја оставаме зад нас беше исполнета со предизвици, но и со значајни чекори во градењето на праведен и функционален правен систем. Верувам, дека со заеднички напори можеме да изградиме општество каде правдата е основа за доверба и напредок, напиша Филков.
Како што додава, посакува здравје, радост и исполнетост во секој дом.
-Нека годината што претстои ни донесе просперитет, благосостојба, мир, нови можности и успеси за сите нас. Среќна Нова 2025 година!, пишува Филков во честитката.