Филипче зад себе остави 20 милиони евра штета поради прекин на договорот за нов Клинички во Скопје, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
-Венко Филипче, кој најдолг период раководеше со ресорот здравство е директно одговорен за неградењето на Клиничкиот центар и раскинување на договор за изградба иако буквално се беше реализано во однос на процедури до фазата – отпочнување со градба.
Филипче, заради кој неговата партија‼️
Денес според информациите во медиумите има побарување на оштета за неградба изразено во неверојатни 20 милиони евра.
Филипче должи одговори:
1.Која беше причината и кој беше основот што Филипче и неговиот Кабинет го раскина договорот?
2. Дали ќе има лична одговорност за неодговорното и недомаќинско работење за време на извршување на функцијата министер за здравство?
3.Ќе понесе ли Филипче одговорност доколку се потврди законитоста на ова побарување за оштета?
4. Ќе ги плати ли Филипче од свој џеб овие средства доколку се утврди незаконитост во раскинувањето на договорот согласно побарувањето за оштета што денес го имаме за неградба на Клинички центар?
5. Дали токму стравот од 20 милиони евра загуба, изразена во пенали го натера Венко да се кандидира за пратеник за да може да се крие позади пратеничкиот мандат?
Денес, истиот разобличен Филипче повторно нуди едни исти манипулативни ветувања иако имало можност со апсолутна власт во седум години истите да ги реализира. Здравството е вратено неколку децении наназад, а медицинскиот персонал уште нема плата како што се вети во Планот за живот, па така на пример медицинските сестри денес земаат плата близу до минималната.
ВМРО- ДПМНЕ ќе понуди конкретни мерки за унапредување на јавното здравство, валоризирање на трудот на здравствените работници, а наш врвен императив ќе биде знењето и квалитетот, преку реални и остварливи проекти, додаваат од Комисијата.