Македонија видоа не ги бива во македонија, па станаа унгарска опозиција

Филипче одработува за Маѓар: СДСМ ребрендирана во СДСУ (Социјалдемократски сојуз на Унгарија)

Реално, вокабуларот на СДСУ е неколкукратно побезобразен од оној на ТИСА на Петер Маѓар, така што со цело право го оправдуваат ребрендингот. Можеби и поради тоа што ТИСА е вистинска партија, а не киднапирирана збирштина од Заевци. Каков-таков, иако велат дека е неолиберална дилајла, Маѓар да ти бил измислен за раководството на СДСУ. Башка, што не бил црпнат од нива…

Искрено, кога Петер Маѓар би знаел колкави малери се СДС и дека секој кој се фатил на оро со нив, го јал политичкиот стап (Ципрас, Петков, Бојчо, Меркел, Ѓилас, Макрон, Тереза Меј…), би бегал од оваа политичка „дружба“ како ѓавол од темјан…

Еве, ако не верувате, што денеска од Бихаќка истресе Богданката

Филипче одработува за Маѓар: СДСМ ребрендирана во СДСУ (Социјалдемократски сојуз на Унгарија)

Граѓаните подолг период алармираат на фактот дека партијата која насила го смени името на државата, по сите правила и норми мора да си го смени името во СДССМ. Може и без М, кое и онака, воопшто не им прилега, СДСС би им било таман, ко „саливено“. Но, дали СДСМ ги претекна граѓаните?

Така, барем, изгледа по последните неколку прес-конференции на Богданка, која „ничим изазваним“ (како што велат северните соседи на насила северизираната Македонија)  деновиве повеќе ја споменува Унгарија и Орбан, отколку Македонија? На една недела пред изборите во Унгарија, тие се запенавиија контра Орбан? Да, очебијно и природно – новото име не СДСМ е СДСУ, Социјалдемократски сојуз на Унгарија.

Реално, вокабуларот на СДСУ е неколкукратно побезобразен од оној на ТИСА на Петер Маѓар, така што со цело право го оправдуваат ребрендингот. Можеби и поради тоа што ТИСА е вистинска партија, а не киднапирирана збирштина од Заевци. Каков-таков, иако велат дека е неолиберална дилајла, Маѓар да ти бил измислен за раководството на СДСУ. Башка, што не бил црпнат од нива…

Еве, ако не верувате, што денеска од Бихаќка истресе Богданката:

„Денес, унгарските медиуми блиски до Орбан шират приказна за „руско сценарио“ и „напад врз унгарскиот суверенитет“ со наводни експлозиви во Србија.

Оваа приказна доаѓа токму во финалето на изборната кампања во Унгарија и се толкува како дел од лажна операција (false-flag) за создавање паника и евентуално одлагање на изборите,“ рече портпаролката на СДСУ, потресена од случувањата во Унгарија.

И не, не застана тука. продолжи забревтана со истиот урнебесен наратив:

Во Словенија: истите медиуми (Nova24TV) и истиот Шац, плус ангажирање на израелски фирми за приватно обавештајно делување (како Black Cube) за снимање и ширење на лажни скандали против противниците на Јанша.

Во Унгарија: Орбан директно ја користи оваа мрежа за домашна пропаганда и за извоз на својата идеологија.

Во Србија: Вучиќ и СНС се дел од истата „авторитарна оска“ која ги користи истите методи – контрола на медиуми, лажни вести и создавање на непријатели за да се задржи моќта.

Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски не се случајни сојузници“, заклучи гласноговорничката на СДСУ, ребрендираната и некогаш државотворна партија, која одамна се сведе на мизерна, марихуанотворна направија.

Искрено, кога Петер Маѓар би знаел колкави малери се СДС и дека секој кој се фатил на оро со нив, го јал политичкиот стап (Ципрас, Петков, Бојчо, Меркел, Ѓилас, Макрон, Тереза Меј…), би бегал од оваа политичка „дружба“ како ѓавол од темјан…

Најнови вести од Македонија

To top