Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Филипче го демантира Венко, пред 1 година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“

– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Филипче да го заврши предавството што го започнаа Заев и Бујар Османи. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на своите принципи, Македонија никогаш повеќе нема да биде понижена и уценувана, се вели во соопштението на владејачката партија.

Филипче го демантира Венко, пред 1 година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, покажува недоследност и политичка дволичност во ставовите околу францускиот предлог. Од партијата потсетуваат дека пред една година Филипче, заедно со тогашниот претседател на СДС, Зоран Заев, го оцени предлогот како „голем дипломатски успех“, додека денес предлага „црвени линии“ за заштита од истиот предлог.

– Кога лаже Филипче – тогаш кога го славеше предлогот како победа или денес кога нуди резолуција со црвени линии? Единствено што се смени во меѓувреме се интересите на Филипче и неговиот ментор Заев, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, резолуцијата што ја предлага Филипче не е во државен интерес, туку претставува „обид за дополнително потчинување на Македонија“, со цел СДСМ да добие политичка поддршка и да се врати на власт.

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека заедно со ДУИ „ја уназадиле Македонија и ги поткопале нејзините позиции“, а предлогот на Филипче го споредуваат со политиките на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

– Наместо да нуди резолуции, Филипче по катастрофалниот пораз на изборите треба да предложи сериозни реформи во СДСМ, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека остануваат на своите принципи и дека „Македонија никогаш повеќе нема да биде понижена и уценувана“.

To top